17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ4K модел е минато, Sharp претстави 8K телевизор

4K модел е минато, Sharp претстави 8K телевизор

8k televizor

Јапонската компанија го претстави првиот комерцијално достапен телевизор со 8К резолуција, т.н. „Full Ultra HD“, чија резолуција е 33,2 мегапиксели.

Во светот на телевизорите се појавуваат се поголеми резолуции, ознаките „HD“ и „Full HD“ се чини како да се дел од некое далечно минато.

Телевизорите со 4K резолуција, кои веќе се присутни на пазарите, нудат резолуција која е четири пати поголема од „FullHD“, поточно 8,3 мегапиксели.

Tие уреди се означуваат со кратенката „UHD“ или „Ultra HD“.

Јапонската компанија „Sharp“ отиде чекор понапред претставувајќи го првиот комерцијално достапен телевизор со 8K резолуција, т.н. „Full Ultra HD“, кој има резолуција од 7.680 x 2.160 пиксели, односно 33,2 мегапиксели.

Првиот модел „FUHD“ доаѓа со дијагонала од 85 инчи, наречен „LV-85001“.

Односот 85 инчи и 7.640 x 4.320 пиксели допринесува густина на екранот од 104 ppi, што претставува 16 пати повеќе пиксели во однос на тоа што го нудат телевизорите со „Full HD“ екрани.

Нивното осветлување е прилагодено на 1000 cd по метар квадратен.

Иако изгледа како телевизор, ова во основа е монитор, и тоа за професионална намена.

Тој има приемник, но нема „8K“ сигнал кој може да го прими.

За да можете видите 8K резолуција, потребно е да се поврзат сите четири „HDMI“ кабли одеднаш.

Многумина воопшто сега не размислуваат за купување на телевизор со поголем од „4K“ резолуција, поради многу ограниченената содржина која на нив може да се прикаже, тогаш треба да се заборави на „FUHD“ телевизорите.

Покрај недостатокот на содржини, цената ќе биде уште еден фактор кој ќе одбие многумина.

Првиот комерционално достапен 8K телевизор од 31-ви октомври ќе може да се купи по цена од 120.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП