10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda ги уништува стереотипите со Koeru (фото)

Mazda ги уништува стереотипите со Koeru (фото)

koreu1

Јапонскиот производител „Mazda“ во Франкфурт го покажа својот нов концептуален модел, кој го носи името „Koeru“. Со него Јапонците како да сакаат да создадат нов сегмент, нов вид на кросовери.

Всушност „Koeru“ се преведува како „уништување на стереотипите“. Дизајнот на возилото е целосно во според брендот „Kodo“, а замислата на креаторите на автомобилот е тој да изгледа динамично. За таа цел кросоверот е опремен со спортска суспензија и моќен мотор, велат од „Mazda“.

koreu2

Јапонците сепак не открија никакви детали за агрегатот на кој се потпира „Koeru“. Познато е само дека под хаубата е поставен мотор од семејството „SkyActiv“. Целосно таинствен е и ентериерот на кросоверот.

Претставниците на „Mazda“ сепак соопштија во Франкфурт дека засега „Koeru“ нема да биде дел од сериското производство на компанијата. Очекувањата се тој да биде во основата на новата генерација на големиот „CX-9“, кој ќе биде разгледуван како конкурент на „BMW X4“.

koreu

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП