17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSnapchat направи план како да заработува пари

Snapchat направи план како да заработува пари

snapi 33

„Snapchat“ можеби веќе има добар план за тоа како да прави пари. Со својата последена надградба од вчера компанијата веќе им овозможува на своите корисници во САД да повторуваат три добиени пораки по цена од 99 центи.

Ова ќе е првата платена опција на апликацијата што секој ден ја користат над 100 милиони луѓе. Досега корисниците можеа да повторуваат бесплатно само по еден од примените пораки дневно, кои исчезнува за 10 секунди.

Од компанијата се надеваат дека токму милионите корисници ќе придонесат прогнозираните приходи од 50 милиони долари за 2015-та година.

Потсетуваме дека за првите шест месеци „Snapchat“ им обрт од повеќе од 1 милијарда долари, а неговата последна проценка е 16 милијарди долари.

За 2014-та година приходите на компанијата се само 3 милиони долари, а загубата е 128 милиони долари. Во 2013-та година „Snapchat“ го отфрли предлогот за купување од страна на „Facebook“ за цена од 3 милијарди долари. Неговиот основач Еван Спигел денес е еден од најмладите милијардери во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП