23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо јануари ќе се појави смартфон со екран на преклопување?

Во јануари ќе се појави смартфон со екран на преклопување?

preklopi sam1

Моделот на „Samsung Galaxy S6 edge“ е еден од најиновативните смартфони, претставени во текот на годината, но очигледно од компанијата не мислат да запрат тука во напорите да се разликуваат од своите конкуренти.

Според новите гласини кои се појавија, во јануари јужнокорејскиот производител на пазарот ќе го претстави првиот паметен телефон со преклопен дисплеј.

Најверојатно прототипот ќе располага со новиот процесор „Qualcomm Snapdragon 820“, 3 GB RAM меморија и картичка за проширување на внатрешната меморија.

Претходно од друго авторитетно издание – „Sam Mobile“, изјавија дека најголемиот светски производител развива нов смартфон под тајното име „Project Valley“, кој ќе располага со два екрани, најверојатно екран на превиткување.

Слични информации, сепак треба да се прифатат со доза на скептицизам, откако гласините за сличен уред развиен од страна на „Samsung“, циркулираат во медиумскиот простор веќе неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП