„Нова раса спортски, компактен кросовер за новата, помлада генерација“. Со овие зборови Широ Накамура, виш потпретседател и главен креативен директор на „Nissan“, го претстави концептот „Gripz“ на автосаемот во Франкфурт.
„Nissan Gripz“ всушност не е кросовер, или барем не е од оние кои сме навикнати да ги гледаме. Возилото има двоен идентитет, па претставува целосно универзален автомобил – таков кој може да се справи со секојдневните потреби од превоз и да нуди вистинска авантура преку викенд.
„„Nissan“ не еднаш создаваше нови сегменти, особено кај овој вид на модели. Со „Gripz“ ја продолжуваме оваа традиција, демонстрирајќи радикален спортски кросовер“, изјави Накамура.
Идејата на автомобилот е да биде удобен, прооден и практичен, но исто така и спортски, брз и атрактивен. За да се покријат сите овие квалитети, дизајнерите и инженерите на брендот црпеле инспирација од моделот „Nissan 240Z“. На тркачки патеки купето е популарно, но и како теренец рели автомобил. Во 70-тите години на минатиот век моделот добива подигната и зајакната суспензија, за да се натпреварува на полуостровот Баха, отворените рамници на Кенија, Уганда и денешна Танзанија.
„„240Z“ беше доказ дека спортски автомобил не треба да е ниско до земјата, за да е забавен. „Nissan GRIPZ“ го докажува тоа повторно, потпирајќи се на искуството на „Nissan“ во сегментот на кросовери, погонот 4х4 и спортски автомобили“, изјави уште Јапонецот.
Погонот на машината е доверен на технологијата „Series hybrid system – Pure Drive e-Power EV“ – погонски тракт, комбинирајќи ефикасен бензински мотор, кој се напојува од електричниот мотор, вграден во „Nissan LEAF“.
Бидејќи моделот е концпепт, детали за динамиката не беа обелоденети. Беше соопштено само дека оваа конфигурација нуди непречено, брзо и линеарно забрзување во речиси потполна тишина со исклучителна ефикасност.
Што се однесува до дизајнот, тој е дело на дизајнерските центри на брендот во Јапонија и Европа. Надворешноста демонстрира голем број на елементи од најновите автомобили на „Nissan“, додека внатрешноста се обложува на футуристички дизајн и минималистички стил.
Интерес предизвикува и архитектурата на возилото – карбонска рамка, над која се поставени панели на каросеријата. Вратите се четири, а средниот „В“ столб е уникатен за да се олесни пристапот до 2 + 2 ентериерот.
Претстои да дознаеме дали „Nissan Gripz“ ќе се претвори во сериски модел. Ние се надеваме, бидејќи идејата за универзален спортски автомобил секогаш привлекувала голем интерес.