18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6S vs Samsung Galaxy S6

iPhone 6S vs Samsung Galaxy S6

borbata

Војната помеѓу „Apple“ и „Samsung“ во највисокиот ценовен сегмент кај смартфоните премина на нова фаза со претставувањето на најновиот модел на американскиот производител, „iPhone 6S“.

Се разбира ова ги натера експертите да погледнат и да ги споредат двете икони на компаниите, моделите „iPhone 6S“ и „Samsung Galaxy S6“.

Вака изгледаат резултатите од оваа споредба, а заклучоците се остават на корисниците:

Дизајн

borbata1

borbata2

Куќиштето на „iPhone 6S“ е металено, а дебелината на уредот е 7.1 мм. Моделот „Samsung Galaxy S6“ исто е со алуминиумско куќиште, додека дебелината му е 6,8 мм.

Екран

borbata3

Американскиот смартфон е со 4.7-инчен екран со резолуција од 1334 x 750 пиксели, како и заситеноста од 326 точки по инч. Екранот е ист како оној на моделот од минатата година „iPhone 6“. Екранот на „Samsung Galaxy S6“ е 5.1-инчен со резолција од 1440 x 2560 пиксели и заситеност од 577 пиксели по инч.

Перформанси

borbata4

Моделот на „Apple“ се напојува од новиот процесор „А9“ на компанијата, кој за 70% има подобри перформанси и за 90% е побрз при вчитувањето на графиките од чипот „А8“ кој е употребен кај моделот „iPhone 6“. Моделот „Galaxy S6“ се одликува со осумјадрен процесор „Exynos 7420“ произведен од јужнокорејската компанија.

Камера

borbata5

Иако навидум техничките карактеристики на камерите на „Apple“ заостануваат сериозно зад оние на конкурентите, тие секогаш биле едни од најдобрите на пазарот. Трендот се очекува да продолжи со 12-мегапикселната главна камерата кај најновиот модел. Предната камера е 5 мегапикселна. Тука и двете камери се подобри, во споредба со моделот од минатата година. Камерата на „Samsung Galaxy S6“ исто така е меѓу најдобрите, затоа што е 16-мегапикселна, дополнета со оптичка стабилизација. Предната камера повторно е 5 мегапикселна.

Оперативeн систем

borbata6

Новиот „iPhone 6S“ е со оперативен систем „iOS 9“, која вклучува подобрување при гласовниот асистент „Siri“ и долгоочекуваните нови можности на „Apple Maps“. Претходникот на моделот беше со оперативниот систем „iOS 8“. Моделот „Samsung Galaxy S6“ е со оперативниот систем „Android 5.1“.

Батерија

borbata7

Можеби најголемата слабост на моделот „Samsung Galaxy S6“ е неговата батерија од 2 550 mAh, чиј капацитет се исцрпува релативно брзо од осветлениот дисплеј и моќниот процесор. Се уште не е познато колку точно ќе е издржлива батеријата на новиот „iPhone 6S“.

Цена и достапност

borbata8

Моделот „Samsung Galaxy S6“ е на пазарот веќе неколку месеци и цената му е околу 600 долари за верзијата од 32 GB, додека пак цената на новиот „iPhone 6S“ е 649 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП