23 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.09.2015

Дневен хороскоп 16.09.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес сте полни со емоции кон саканата личност и ќе сакате тоа да и го ставите на знаење. Вашите планови се многу сериозни, а имате и поддршка од семејството. Единствено не сте сигурни како пријателите ќе го прифатат сето тоа. Тие се многу искрени во однос на вас и секогаш јасно го кажуваат своето мислење.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вашиот партнер ќе почувствува дека само со убави зборови може да добие се што ќе посака. Денес ќе бидете романтично расположени и секој нежен збор многу ќе ви значи. Одамна не сте се почувствувале така емотивно исполнети и полни со љубов. Помеѓу вас ќе се јави блискост каква одамна не ви се случила

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ако случајно шефот ви предложи службен пат, никако не одбивајте го. Отфрлете го тмурното расположение и грижливо спремете се. Денес вашиот партнер ќе ви биде најважен. Слушајте што зборува и уживајте во вниманието и верувајте му безусловно.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На работното место внимавајте што кажувате. Секој ваш збор се толкува погрешно. Можеби и колегите не се толку криви што не ве разбираат. Вие се изразувате во загатки и ништо конкретно не кажувате и поради тоа доаѓа до недоразбирања.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе добиете конкретен предлог кој многу ќе ви помогне во кариерата. Можеби ќе морате да се откажете од часовите поминати со друштвото, но од друга страна многу ќе добиете. Внимавајте како ги изнесувате новините пред фамилијата.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Мислите дека колегите ви работат зад грб и не ви даваат потполни информации. За жал тоа мислење е точно и не е плод на вашата имагинација. Во љубовта исто така ви се случуваат недоразбирања кои никако да ги решите. Денес еден пријател ќе сака да ви помогне.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ви се случуваат грешки што вам не ви е својствено. Денес вашиот претпоставен ќе сака да разговара со вас и да ви укаже на грешките. Цел ден ќе размислувате кој од колегите му кажал што се случува со вас. Кога ќе сфатите, многу ќе ве растажи фактот дека се работи за еден од вашите пријатели во кој имате потполна доверба.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во изминатите неколку дена размислувавте како да најдете заеднички јазик со семејството. Тие мислат дека сакате се да биде под ваша контрола и се обидуваа да ви се спротивстават. Партнерот ви укажува дека треба малку да го спуштите гардот и да ги послушате другите околу вас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе почувствувате дека сте полни со самодоверба. На работа се што ќе биде потребно ќе го завршите во дадениот рок. Попладневните часови поминете ги со некое хоби. Имате наплив на креативност и ќе биде голема штета ако не го искористите тоа. Направете нешто убаво за својот дом

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе почувствувате дека морате да кажете нешто за да дојде до промени. Ќе употребите многу остри забелешки до сите колеги, може да се случи да навредите некого. Меѓутоа, колегите знаат дека во последно време сте контрадикторни и нема да ви обрнат внимание.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Партнерот полека почнува да носи некои одлуки без да се консултира со вас. Вие бевте оптоварени со други работи и тоа не го забележувавте. Денес ќе потроши повеќе од што мислите дека треба и бурно ќе реагирате. Ќе му ставите до знаење дека вие сте тој којшто се грижи околу финансиите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе се ослободите од сите грижи и ќе бидете во свој елемент. Се чувствувате како да сте го освоиле светот. На работното место ќе сакате да доминирате и да покажете дека сте над другите што ќе предизвика различни реакции кај колегите. Некои од нив отворено ќе ви се спротивстават.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП