10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите плеери на Toshiba

Новите плеери на Toshiba

toshiba

„Toshiba“ ги претстави новите „Blu-ray“ плеери за 2013-та година со „2D“ во „3D“ конверзија и дополнителна „Smart ТV“ функција. Комбиниран капацитет на емитувања на оптичкиот диск со едноставен пристап до онлајн забавата, „Toshiba“ создаде серија на уреди кои ги исполнуваат највисоките барања кај дигиталните медиуми, дури и кога тие се поврзани со телевизор без пристап до интернет. Новите серии на плеери се „BDX5400KE“, „BDX4400KE“, „BDX3400SE“ и „BDX2400KE“, а европската продажба на овие комбинирани уреди ќе започне во вториот квартал од 2013-та година.

Новите „Blu-ray“ плеери се достапни со „Wi-Fi ready“ и имаат вградена „Wi-Fi“ опција. Како центар на поврзани уреди, тие обезбедуваат брз пристап до популарни стриминг услуги како „YouTube“, „Acetrax“ како и сервисот за размена на фото-албуми, „Picasa“. Покрај тоа, опремени се со новиот „Toshiba Blu-ray“ портал за пристап до локалната мрежа и разни онлајн услуги.

toshiba 1

Плеерите на „Toshiba Blu-ray“ се оптимизирани за гледање на содржината на бројните ЦД-а, DVD и Blu-ray дискови со аудио и видео карактеристики со висок квалитет. Сите модели можат да емитуваат „Full HD“ содржини преку „HDMI“, додека видео содржините се со стандардна дефиниција тие автоматски се надградуваат во „1080p Full HD“. Тие исто така имаат вградена „Dolby True HD“ и „DTS-HD“ технологија која овозможува доживување како во кино, во поглед на звукот на филмовите и видео материјалите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП