18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗModel S на Tesla добива сериозна конкуренција (фото+видео)

Model S на Tesla добива сериозна конкуренција (фото+видео)

epors

Една од најсериозните закани во иднина за водечкиот производител на електрични автомобили – „Tesla“, може да дојде не од било кој, туку од германскиот производител на луксузни спортски автомобили „Porsche“.

epors1

Германската компанија го претстави новиот концепт „Mission E“ – електричен автомобил со четири седишта и моќност од 600 КС и забрзување од 0 до 100 км/ч за под 3,5 секунди.

epors2

Новото возило ќе може да мине над 310 милји (околу 500 километри) со едно полнење на батеријата, а од „Porsche“ ветуваат дека полнењето на батеријата до 80% може да се случи во рок од 15 минути.

epors4

Како ќе се спротивстават овие карактеристики со последниот модел на „Tesla“ – „Model S“? Моделот на американскиот производител може да мине до 300 милји со едно полнење, а забрзувањето му од 0 до 100 км/ч е за 2,8 секунди.

epors5

Новиот модел на „Porsche“ ќе се доближи многу до врвно достигнување на „Tesla“ и тоа во првата генерација. Се разбира, во оваа фаза од „Tesla“ се уште не треба да се загрижени, поради фактот дека возилото е концепт, а додека и ако се појави на пазарот од компанијата најверојатно ќе се претстават подобрување на својот „Model S“.

epors6

Меѓутоа факт е дека се повеќе компании се натпреваруваат со американскиот производител на електрични возила, а полека конкуренцијата станува се пожестока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП