27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов таблет, смартфон и нараквица: Microsoft на 6-ти октомври претставува нови уреди!

Нов таблет, смартфон и нараквица: Microsoft на 6-ти октомври претставува нови уреди!

miki 333

Aмериканската компанија „Microsoft“ на 6-ти октомври ќе претстави нови производи кои функционираат под нивниот нов оперативен систем – „Windows 10“.

„Имаме желба што е можно поскоро во јавност да ги претставиме новитетите во врска со уредите кои користат „Windows 10““, изјави еден од портпаролите на американскиот гигант, а пренесува „Ројтерс“.

Аналитичарите очекуваат дека тогаш ќе биде претставен новиот таблет „Surface Pro 4“, паметната нараквица „Band 2“ и најновиот смартфон од серијата „Lumia“.

„Microsoft“ во јули го лансираше „Windows 10“, речиси три години откако на пазарот се појави претходниот оперативен систем „Windows 8“.

Новиот систем, направен да функционира на компјутерите и мобилните уреди, би требало да му помогне на „Microsoft“ да ја стигне конкуренцијата на пазарот на таблети и паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП