12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M забележа раст на продажбата

H&M забележа раст на продажбата

hm0110

Шведскиот производител на облека „H&M“ во август оваа година оствари раст од еден процент во локална валута во однос на истиот месец 2014 година, додека аналитичарите во просек предвидуваа раст од шест проценти.

„На продажбата во август негативно влијаеше невообичаено топло време во повеќето главни пазари на компанијата „H&M“ во Европа“, објасни шведската компанија во соопштението.

Продажбата во периодот јуни-август, во третиот квартал од тековната фискална година на оваа компанија достигна 46,0 милијарди круни (4,9 милијарди евра), додека една година претходно изнесуваше 38,8 милијарди круни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП