6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на Volkswagen Tiguan (фото+видео)

Светска премиера на Volkswagen Tiguan (фото+видео)

tigu 00

Во пресрет на автосаемот во Франкфурт, германската компанија „Volkswagen“ официјално ја претстави новата генерација на кросоверот „Tiguan“.

tigu 01

Кросоверот е исполнет во стилот на концептот „Cross Coupe GTE“, а го демонстрира најновиот дизајн на германската автомобилска марка. Може да се забележи дека неговите димензии се зголемени, но и покрај тоа инженерите успеале да постигнат помала тежина во споредба со претходникот.

tigu 02

Изграден на платформата „MQB“, моделот е за 60 мм подолг и 30 мм поширок од веќе стариот „Tiguan“. Во исто време, вкупната маса е редуцирана за 50 килограми. Висината е намалена за 33 мм, а меѓуоскиното растојание веќе се протега на 2681 мм, или со 77 мм повеќе од порано.

tigu 04

Дополнителниот простор помеѓу двете оски за 29 мм овозможи поголем простор за нозете на патниците на задните седишта. Багажниот простор исто така нуди поголем обем – цели 615 литри, што е за 145 литри повеќе од стариот модел.

tigu 05

Дизајнот на ентериерот не изненадува особено, затоа што е типичен за новите модели на „Volkswagen“ – чист и функционален. Во опремата на новиот „Tiguan“ е вклучен стандарден 5-инчен екран, а со доплата може да биде поставен 8-инчен екран на мултимедијалниот систем кој нуди „Apple CarPlay“, „Android Auto“, „MirrorLink“ и друго.

tigu 07

Во односот на погонот, новиот „Tiguan“ е за до 24% поефикасен од својот претходник, споделија од „Volkswagen“. Палетата бензински мотори е претставена од четири турбо мотори со моќност од 125, 150, 180 и 220 КС. Дизел агрегатите се исто четири со 115, 150, 190 и 240 КС.

tigu 08

Основните модификации на моделот се со преден погон, а со доплата е достапен системот за погон на сите четири тркала „4MOTION“. Впечаток прави и новото управување на системот „4MOTION Active Control“ кој нуди четири режими на работа – „Onroad“, „Snow“, „Offroad“ и „Offroad Individual“.

tigu 09

Новата генерација „Volkswagen Tiguan“ ќе се најде на европските пазари подоцна овој месец, при што претстои да бидат објавени цените. Кон крајот на годината ќе видиме и верзија со 7 седишта, која ќе се произведува во Мексико и ќе биде достапна на одредени пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП