22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank ги блокира своите деловни активности во Русија

Deutsche Bank ги блокира своите деловни активности во Русија

bank-banka-bank

Deutsche Bank се подготвува да ги прекине своите деловни активности во Русија, со исклучок на гранката GTB, објави еден од финансиските извори, а пренесува Ројтерс.

GTB (Global Transaction Banking) кој овозможува банкарски услуги за финансиските институции и компании, претставува околу 10 процент од деловните активности на германската банка во Русија.

Портпаролот на „Deutsche Bank“ не сакаше да ја потврди информацијата која следеше по објавата во текот на викендот за враќањето во Франкфурт на претседателот на оваа руска филијала на германската банка, Јерг Бонгарк.

Правната служба на „Deutsche Bank“ и американското Министерство за правда водат истрага поради сомневање за неправилност и корупција во која е вмешана и германската банка во Москва.

Бонгарк сега ќе работи во седиштето на Банката во Франкфурт и ќе гo надгледува нејзиното работење во Централна и Источна Европа, наведува „Deutsche Bank“ во соопштението, истакнувајќи дека неговото заминување од Москва одамна е планирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП