17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple очекува подобра продажба на новите модели iPhone

Apple очекува подобра продажба на новите модели iPhone

nvio 2

Минатата година „Apple“ успеа да продаде рекордни 10 милиони примероци на „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“, и тоа за само 3 дена.

По секоја веројатност овој рекорд ќе биде подобрен, информираа од компанијата за „CNBC“.

Договорите за новите модели „iPhone 6s“ и „iPhone 6s Plus“ се многу силни и можат да ги надминат минатогодишните 10 милиони смартфони, соопштија од „Apple“.

nvio 3

Новите модели ќе бидат кај своите нови сопственици, почнувајќи од 25 септември.

Првично новите модели на паметни телефони ќе бидат достапни во 12 земји – Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија, Хонг Конг, Јапонија, Нов Зеланд, Порторико, Сингапур, Велика Британија и САД.

Една од причините за повисоката продажба е дека „iPhone 6“ дебитираше во 9 држави, меѓу кои не беше Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП