6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗF-PACE - Првиот кросовер на Jaguar (фото+видео)

F-PACE – Првиот кросовер на Jaguar (фото+видео)

f pace 00

Првиот кросовер во историјата на „Jaguar“ е веќе реалност. Моделот „F-PACE“ беше откриен на ден пред отворањето на саемот во Франкфурт, на кој ќе се одржи официјалната премиера.

f pace 03

„Практичен спортски автомобил, тоа е новиот „Jaguar F-PACE““ споделија од британската марка и прецизираа дека ентериерот на кросоверот нуди „апсолутна удобност“ за петмина патници.

f pace 01

Овој модел на „Jaguar“ е исполнет целосно во стилот на концептот „C-X17“, а е изграден на алуминиумската платформа на компанијата, користена и за моделите „XE“ и „XF“. Вкупната должина достигнува 4731 мм, а меѓуоскиното растојание изнесува 2874 мм. Багажниот простор исто импресионира, нудејќи цели 650 литри волумен.

f pace 04

Ентериерот е изработен луксузно, опремен со 10,2-инчен дисплеј на инфо-забавниот систем кој работи со 4-core процесор. Апаратите на таблата со инструменти, исто претставуваат дисплеј од 12,3-инчи со 3D режим.

Новиот „Jaguar F-PACE“ нуди погон на задните или сите четири тркала, а основната модификација тежи 1665 килограми. Трансмисијата е 8-степен автоматски, доставена од „ZF“.

f pace 02

Најекономичен мотор на моделот е 2,0-литарски дизел со 180 КС, а кај бензинските тоа е 2,0-литарски агрегат со моќност од 240 КС. Поголемите агрегати – 3,0-литарски дизел со 300 КС и 3.0-литарски бензински со 340 или 380 КС, се нудат стандард со „AWD“ систем. Најмоќната модификација развива 100 км/час за 5,1 секунди и развива 250 км/час.

f pace 05

Продажбата на моделот треба да стартуваат пред крајот на оваа година. Во моментот беше соопштено дека при пазарната премиера ќе се нудат следниве верзии – „Pure“, „Prestige“, „Portfolio“, „R-Sport“, „S“ и „First Edition“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП