6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony предупредува да не се користат нивните водоотпорни телефони под вода

Sony предупредува да не се користат нивните водоотпорни телефони под вода

soni go jade22222

Ако имате намера да купите Xperiа Z5 и со него да фотографирате под вода, размислете уште еднаш, затоа што производителот предупредува дека телефонот не е наменет за тоа. 

Иако, водоотпорноста е клучното маркетиншко оружје во продажбата на овој уред, од Sony стигна соопштение дека ќе ја поништат гаранцијата за секој телефон кој корисниците ќе го потопат во вода.

Од целото Xperia семејство, смартфонот Z5 има највисок IP68 ранг на отпорност на вода и прашина, но тоа значи дека е тестиран во лабораториски услови 30 минути на длабочина од 1,5 метри.

Од Sony предупредуваат дека тестовите се лабораториски и дека во тоа време телефонот бил на standby mod. Со други зборови, Sony не гарантира ако корисниците на телефонот сакаат да фотографираат под вода.

„Постојат многу фактори кои за време на тестирањето не ги зедовме во обзир. Токму затоа не сакаме да го препорачаме користењето на Xperiа Z5 под вода“, напиша претставник на компанијата на еден форум.

Постојат и дополнителни упатства за сите три нови модели на Xperiа Z5 во кои се наведува дека уредот не смее потполно да се потопи, ниту да се изложува на морска вода, ниту во вода која има хлор, а забрането е да се изложува и на која било друга течност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП