30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи во Македонија

Зголемен бројот на туристи во Македонија

tur

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2015 година изнесува 119 742, а бројот на ноќевањата изнесува 520 283.

Бројот на туристите во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 11.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.6%.

Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на
странските туристи е зголемен за 16.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за
7.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.2%.

Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 7.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.7%, а кај странските има зголемување за
12.6%.

Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 4.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1%, а кај странските има зголемување за
8.0%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП