Еден од водечките светски производители на паметни телефони – кинескиот Lenovo, го претстави својот нов фаблет „A7000 Plus“.
Моделот се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1.080 пиксели (наспроти 720 пиксели за претходниот модел), како и 13-мегапикселна камера (кај 8 мегапикселна при претходната верзија).
Фаблетот ќе е со 64-битен процесор „MediaTek MT6752“, а ќе располага со 2 GB RAM меморија и можност за работа со 4G мрежи.
Внатрешната меморија е 16 GB (8 GB кај претходната верзија). Батеријата е со капацитет од 3.000 mAh, а оперативниот систем е „Android Lollipop“.
Цената на уредот е 171 долари.