13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus планира да го засени Boeing во САД со нова фабрика за...

Airbus планира да го засени Boeing во САД со нова фабрика за авиони

alabama airbus

Главниот извршен директор на „Airbus“, Фабрис Брежие, има намера концернот да го стигне „Boeing“ во САД, најголемиот пазар за воздухоплови, создавајќи нова фабрика во Алабама, соопштува „Bloomberg“.

Тоа е прилично агресивен потег, со оглед дека компанијата со седиште во Франција контролира само околу 20% од американскиот пазар. Овој удел ќе достигне 40%, кога превозниците, како „American Airlines“ ќе ги добијат нарачаните авиони од компанијата. Екипата на Брежие планира да заземе 50% удел на пазарот, со кој во принцип владее „Boeing“.

„Airbus“ ќе го зголеми својот профил и ќе ги намали трошоците со помош на фабрика за 600 милиони долари за авиони со една производна лента, кој ќе биде отворен во градот Мобајл, Алабама. Објектот е вториот од ваков вид кој е изграден надвор од Европа.

„Ни требаа години за да ја изградиме првата фабрика во САД“, изјави Брежие пред новинарите во неделата. „Ова е најзначајниот настан во последниве години, што ќе ги промени правилата на игра“.

Првите два авиона, кои веќе се изработуваат во фабриката, се модел „А321“, најголемите модели со една патека, на кои Брежие се потпира за да го притисне пазарниот удел на „Boeing“. Авионите со 200 места се претвораат во едни од најчесто користените за интерконтинентални летови на компании како „American“, „Delta“ и „JetBlue“.

Повеќето авиони од новата фабрика ќе бидат доставени на компании од Северна Америка. Испораките ќе почнат во почетокот на следната година, а стапката за производство ќе се зголеми до 4 авиони месечно до почетокот на 2018-та година. „Airbus“ произведува и четири авиони А320 месечно во својата фабрика во Тијанџин, Кина, земјата е на пат да ја засени Северна Америка како најголем пазар на авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП