19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПет ѕвезди за новиот Audi Q7 од Euro NCAP (фото+видео)

Пет ѕвезди за новиот Audi Q7 од Euro NCAP (фото+видео)

sefeti

Европскиот конзорциум Euro NCAP  му додели максимални пет ѕвезди за безбедност на новиот Audi Q7.

Резултатите добиени на тестот покажаа одлична заштита на возрасните патници од фронтален и страничен удар, заштита на пешаците, a безбедностa на децата дополнително го прави актуелниот Audi Q7 модел најбезбеден автомобили сегментот. Токму затоа новиот Audi Q7 ги доби максималните пет ѕвезди за безбедност. Резултатите покажаа дека не само што возачот и совозачот во Audi Q7 се многу добро заштитени, но исто така и патниците на задните седишта.

sefeti1

Автомобилот нуди многу простор и високо ниво на безбедност за децата. Дури шест детски седишта можат да се постават во новото спортско корисно возило. Просторноста во задниот дел придонесува поставувањето на детските седишта да биде едноставно и удобно. Седиштата во опционалниот трет ред се целосно употребливи и се сертифицирани за поставување на детски седишта, за деца со тежина до 36 килограми.

Модел ја освои и наградата „Euro NCAP Advanced” со новиот систем за сопирање кој придонесува за заштита и избегнување на повеќекратен судир и со новиот систем за сопирање во итни ситуации во градски услови. Новиот систем е дел од системот за активната безбедност на Audi и кога ќе препознае опасност ги затегнува појасите, ги затвора прозорците и панорамскиот покрив.

sefeti4

Новиот систем за сопирање „Multicollision“ придонесува за заштита и избегнување на повеќекратен судир иницира автоматски сопирање  во случај на несреќа, со тоа го намалува ризикот од лизгање и ја намалува опасноста од понатамошни судири. И двата системи стандардно се вградуваат кај новиот  Q7.

Audi со својата безбедност ги освои максималните поени и во исто време далеку ги надминува пропишаните мерки од страна на конзорциумот. Централен безбедносен елемент кај Audi Q7 е стандардниот Audi „pre sense city“ систем кој е предвидлив, предупредува, итно сопира и помага да се избегнат несреќи во градски услови, а во исто време ги заштитува пешаците. При брзини до 85 км / ч, системот ги забележува другите учесници во сообраќајот. Доколку системот процени можен судир, го предупредува возачот според прогресивниот концепт: предупредување, предупредување непосредно пред да се случи судир и автоматско сопирање во итни случаи.

sefeti5

Доколку е потребно, системот иницира целосно забавување. Со помош на системот до 40 км / ч несреќите можат целосно да се избегнат. При поголеми брзини до 85 км / ч возачот ќе биде предупреден.

Pre sense city - Predictive pedestrian protection
Pre sense city – Predictive pedestrian protection

Уште од 1997 година, европскиот конзорциумот Euro NCAP ја спроведува програмата за оценување на безбедноста на новите возила и ги испитува перформансите на возилата во случај на несреќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП