3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот

Македонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот

budget

Глобалниот извештај ја рангира Р. МАКЕДОНИЈА меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот – на граѓаните им се ускратени можноста за увид во информации и мислење за тоа како се користат јавните пари.

Р. Македонија е позиционирана во последната категорија на транспарентност на националниот буџет, според истражувањето Отворен Буџет 2015 на Меѓународното Буџетско Партнерство.

Во петтиот извештај од ваков вид, кое е единственото независно, компаративно истражување во светот за: буџетска транспарентност, учество на граѓаните и независност на институциите за надзор на буџетскиот процес.

Комбинацијата на овие компоненти се главните столбови на отчетни буџетски системи.

Оценката на 102 земји во светот, во Истражувањето 2015 утврди дека Р. Македонија е меѓу последните 30 земји во светот според Индексот на Отворен Буџет, или ОБИ, кој користи меѓународно признати критериуми за да даде оценка за транспарентноста на секоја земја на скала до 100 поени. Резултатот на ОБИ од 35 за Р. Македонија значи дека граѓаните имаат малку или воопшто немаат пристап до буџетските информации за да го разберат буџетот и да бараат отчетност од владата. Ова е важно, бидејќи буџетите се главната алатка која владите ја користат за да креираат политики за прибирање и трошење на јавните средства, со кои се промовира развојот и се задоволуваат потребите на луѓето во таа земјата.

“Постои итна потреба Владата да го направи буџетскиот процес потранспарентен, да ја вклучи јавноста во истиот и да го подобри надзорот над буџетските активности,” изјави Марјан Николов, Претседател на Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје, која го спроведе истражувањето во Р. Македонија.

Р. Македонија има резултат од 6 (од 100) за можностите со кои владата обезбедува учество на јавноста во буџетскиот процес. Во однос на силата на формалните институции за надзор во Р. Македонија, резултатот за законодавството е 42 (од 100), а резултатот за институцијата која врши државна ревизија е 100 (од 100).

Овој резултат Р. Македонија може да го подобри доколку:

– воспостави кредибилни и ефективни механизми за партиципација на јавноста во буџетскиот процес;

– воспостави специјализирана буџетска канцеларија за законодавството;

– обезбеди/овозможи законодавството секогаш да биде консултирано пред трошењето на кој било непредвиден приход или при трошењето на фондовите кои не биле идентификувани во донесениот буџет.

Сепак, може да се постигне значителен напредок на брз начин. На пример, истражувањето открива дека повеќето од најмалку транспарентните земји всушност произведуваат значителни буџетски информации но, за нивната внатрешна употреба; може да се постигнат и големи придобивки со ниски трошоци од тоа што овие документи само ќе се објават на веб страницата на владата.

Средствата и механизмите за воспоставување на овие столбови на буџетска отчетност се на дофат на раката. На крајот на краиштата, унапредување на транспарентноста, учеството и надзорот речиси секогаш се сведуваат на степенот на политичка волја.

“Потенцијалната закана од недостатокот на силен систем на отчетност во Р. Македонија претставува пречка за да ги постигнеме нашите цели за развој што е од суштинска важност”, рече Марјан Николов. ”

Владата треба да ги преземе следниве главни чекори за брзо подобрување на транспарентноста во нашата држава:

– Да се подготви и објави Граѓански буџет и Пред-буџетска изјава;

– Да се објави Полугодишен извештај и да се подобри опфатот на Предлог буџетот со гласно добрите практики;

– Да се воспостават кредибилни и ефективни механизми (јавни дебати, анкети, фокус групи итн.) за партиципација на јавноста во буџетскиот процес;

– Да се воспостави специјализирана буџетска канцеларија за законодавството.

Целосниот извештај за Македонија може да се најде на следниот линк: http://internationalbudget.org/wp-content/uploads/OBS2015-CS-Macedonia-English.pdf

За пристап до целосниот извештај и друго, вклучувајќи и конкретни резултати за секоја земја, посетете ја: www.openbudgetsurvey.org

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП