6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕкспо на електрични возила ќе се одржи во петок во Скопје

Експо на електрични возила ќе се одржи во петок во Скопје

electric

Конференција за поголема електромобилност и Експо на електрични возила ќе се одржи на 18 септември 2015 година (петок) на  Машинскиот факултет во Скопје.

Електромобилност Македонија, организација за електрични возила во Македонија, во рамки на глобалниот настан „Европска недела на мобилност” на 18 септември 2015 година (петок) на  Машинскиот факултет во Скопје организира Конференција за поголема електромобилност и Експо на електрични возила.

Целта на настанот е да ги собере и да ги претстави на едно место најновите трендови во електромобилната индустрија достапни во Македонија, човечкиот креативен потенцијал и инженерско знаење и од друга страна да даде простор за отворање на дискусија за проблемите со загадувањето кои Македонија ја врбојуваат во врвот на светските листи.

Нашето општество за жал сеуште нема системски одговор за овој горлив проблем. Во Европа наголемо се мобилизираат политичките субјекти, приватниот сектор и граѓанското општество преку специфични Договори за енергија и одржлив развој. Сметаме дека е време и овде кај нас да се отвораат прашањата за чекорите кон одржлива иднина на македонската економија и влијанието од неа врз животната средина. Неопходно е сите чинители од локални самоуправи, академија, влада, министерства, работодавачи и граѓански организации да оформат пристап за поставување и постигнување на цели поврзани со животната околина со краен исход премин кон одржлив енергетски систем.

Овој пристап и крајната негова цел носат економски предизвици, но токму тие пак нудат прилика за вклучување на креативниот потенцијал и инженерското знаење на студентите и дипломирани професионалци во иновации поврзани со заштеда на енергијата во: градежната индустрија, земјоделството, обновливата енергија, преносот на енергијата, транспортниот систем, електромобилната индустрија итн. Овој пристап е само разумен чекор и одговорен однос кон природата и ресурсите кои се користат во производство, а примерите од Европа и глобално ни укажуваат дека не смееме повеќе да го одложуваме системскиот одговор.

Во рамки на изложбениот дел на овој настан ќе бидат изложени електрични возила и опрема, полначи, елетрични скутери, е-вело и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП