
Македонска берза АД Скопје ќе одбележи 20 години од Основачкото Собрание на акционери.


Македонска берза АД Скопје ќе одбележи 20 години од Основачкото Собрание на акционери.
По тој повод Македонска Берза АД Скопје ќе одржи официјална презентација за 20-те најдобри студенти родени 1995 година од насоката финансиски менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје и ќе им подари соодветни едукациски материјали и алатки.
Покрај тоа, предвидено е пригодно обраќање на претставници на Берзата и Економскиот факултет Скопје, а главниот извршен директор Иван Штериев ќе даде изјава за досегашното работење на Берзата.