6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го освои УС Опен

Ѓоковиќ го освои УС Опен

novak-gjokovic-up-ipen

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ втор пат во кариерата победи на УС Опен. Во финалето Ѓоковиќ славеше над Роџер Федерер со 3:1 (6:4, 5:7, 6:4, 6:4). Српскиот тенисер ја комплетираше фантастичната сезона во која освои три грен слем титули.

Вториот трофеј на УС Опен е јубилеен 10-ти за Ѓоковиќ на Грен слем турнирите, повеќе од него имаат Борг (11),м Надал и Сампрас (14) и Федерер (17).

Од друга страна Федерер прв пат по 2009 година играше во финалето во Њујорк, а Грен слем титула славниот Швајцарец последен пат освои во 2012 година.

Финалето во Њујорк започна со задоцнување од речиси четири часа, поради дождот кој паѓаше, но потоа оние гледачи кои останаа можеа да уживааат во уште еден тениски спектакл.

Ѓоковиќ подобро започна направи брејк, кој го испушти кога се здоби со ситна повреда на раката. Сепак до крајот на сетот успеа да се врати, уште еднаш да му го одземе сервисот на противникот и да го освои првиот сет со 6:4.

Федерер значително го подигна нивото на својата игра во вториот сет, брејкот кој му донесе израмнување во сетови го направи во 12-от гем.

Сетот кој го освои Швајцарецот уште повеќе ја вклучи публиката во мечот, но Ѓоковиќ не си дозволи психички пад. со сигурна игра најпрвин спаси две брејк топки во осмиот гем при водство на Федерар, а веќе во а нредниот гем тој му го одзеде сервисот на противникот и поведе со 2:1 во сетови.

Српскиот играч во третиот сет имаше двоен брејк и водство од 5:2, Федерер успеа да врати еден брејк но не и целосно да се врати во мечот.

Финалето во Њујорк беше 42-от меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Федерер, резултатот е нерешен 21-21.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП