18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо-одличен 5

Роналдо-одличен 5

cr

Кристијано Роналдо во првите две првенствени рунди не постигна ниту еден гол, но успеа да надомести во третото коло против Еспањол. Португалецот во убедливата победа на Реал од 6:0 беше петкратен стрелец.

Роналдо постигна ‘хет трик’ во првите 20 минути, најпрвин погоди по асистенцијата на Модриќ, потоа реализираше пенал, на 3:0 зголеми по додавањето на Бејл.

До крајот на првиот дел Роналдо му асистираше на Бензема за 4:0, а во второто полувреме Роналдо постигна уште два гола во 61-та и 81-та минута.

Инаку на овој натпревар Роналдо стана најдобриот стрелец на Реал во Примера, Португалецот стигна до бројката од 230 голови во шпанското првенство и зад себе го остави легендарниот Раул.

Интересно Роналдо до 230 голови дојде во 2023 одиграни мечеви додека Раул до бројката од 228 голови во првенството стигна по 550 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП