25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗQashqai реди успеси - 500.000 возила за помалку од 2 години (фото+видео)

Qashqai реди успеси – 500.000 возила за помалку од 2 години (фото+видео)

kaski

Успешниот кросовер „Qashqai“ постави уште еден рекорд. Новата генерација на моделот стана најбрзо произведуваниот автомобил во Велика Британија, соопштија од „Nissan“.

За период од само 21 месец, претставениот автомобил во јануари 2014-та, веќе може да се пофали со 500.000 произведени примероци, а тоа е апсолутен рекорд за пазарот во Велика Британија.

Така „Qashqai“ го подобри претходното достигнување поставено од „MK1 Ford Cortina“, на кој му требаа 34 месеци за да стигне до границата од половина милион произведени возила, а „Austin/Morris“ – 1100/1300 достигнува до оваа бројка за 29 месеци, покажува информацијата.

kaski1

Новиот „Qashqai“ се произведува во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд, а со други зборови во текот на 21 месец од производните ленти на секои 62 секунди слегувал по еден примерок. Од крајот на есента 2015-та година, новиот „Qashqai“ ќе се произведува и во Санкт Петербург за пазарот во Русија.

Вкупно од двете генерации на кросоверот се произведени над 2,5 милиони примероци, претворајќи го „Nissan Qashqai“ во најдобро продаваниот кросовер во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП