3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОпасност! Овие 5 работи не ги споделувајте на „Фејсбук“!

Опасност! Овие 5 работи не ги споделувајте на „Фејсбук“!

roj fb

Вашите лични податоци за „Фејсбук“ се се. Што повеќе податоци оваа друштвена мрежа има за вас, таа се повеќе пари може да заработи.

Меѓутоа, постојат некои работи кои никако не би требало да ги споделувате, колку и да посакувате.

Не им ја олеснувајте работата на крадците на идентитети, па затоа бидете внимателни:

1. Вашиот датум на раѓање.

Сите ги сакаме честитките и убавите желби од пријателите на овој важен ден, меѓутоа, проблемот е тоа што на еден начин давате една од 3-те или 4-те клучни работи за крадливците на идентитетот. Најдобро е да не го објавите датумот, но доколку морате, изоствете ја годината.

2. Статус на врска.

Без оглед дали сте во врска или не, најдобро би било јавно да не ја покажете оваа информација. Можеби постои некој кој е лудо заљубен во вас, а вие воопшто не сте заинтересирани, а на овој начин ќе му дадете „зелено светло“ да ви се додворува, доколку види дека не сте во врска.

3. Вашата моментална локација.

Многумина корисници на „Фејсбук“ ја обожуваат функцијата за тагнување на локации, со цел пријателите во секој момент да знаат каде во моментот се наоѓате. Проблемот е во тоа што сте објавиле дека сте на море, а не дома. Ако додадете колку долго ќе бидете на одмор, крадците ќе знаат точно колку време имаат на располагање да ве ограбат. Секогаш можете да поставите слика од летување кога ќе се вратите дома, а пријателите и натаму ќе ви љубоморат кога ќе ги гледаат вашите фотографии со коктел на плажа.

4. Информации за картички и пари.

„Фејсбук“ е бесплатен, но и натаму сака да го знае бројот на вашата кредитна картичка, затоа што со помош на неа оваа друштвена ви овозможува да купите бројни производи на нејзините страници. Еден од најдобрите начини случајно да останете без пари е да заборавите да се одлогирате од „Фејсбук“ од работа, дома или на некој јавен компјутер. Притоа, не постојат гаранции дека некој нема да ви го пробие „Фејсбук“ профилот и да дојде до овие податоци.

5. Било што во врска со работа.

Можеби некого не сакате, користите дроги или пак имате „пик“ на некоја одредена личност, но „Фејсбук“ не е место за вакви работи. Работодавците редовно на друштвените мрежи ги прегледуваат профилите на новите вработени, а понекогаш и како некого да отпуштат.

Токму како и Интернетот, „Фејсбук“ памти се, па така голем проблем може да ви направи некој пост од минатото во кој сте напишале нешто лошо за компанијата во која одите на интервју или за новиот шеф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП