28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac го покажа новиот кросовер (фото)

Cadillac го покажа новиот кросовер (фото)

cadi nov

„Cadillac“ ги објави првите фотографии на новиот кросовер „XT5“ кој се очекува да биде замена на моделот „SRX“. Фотографиите прво беа прикажани на страната на производителот на „Twitter“, а подоцна беше пуштено и официјално соопштение до медиумите.

Американскиот производител сепак не откри никакви детали за моделот, чија официјална премиера ќе се одржи на автомобилскиот саем во Дубаи во месец ноември. Беше прецизирано само дека „XT5“ претстои да биде претставен и во други држави до крајот на годината.

cadi nov1

Се претпоставува дека „Cadillac XT5“ е изграден на платформата „C1XX“ која располага со две варијанти на растојанието помеѓу двете оски. Кросоверот ќе ги добие моторите на седанот „CT6“, меѓу кои е и атмосферски бензински „V6“ со зафатнина 3,6 литри и моќност 335 КС.

Се знае уште дека теренецот ќе се нуди на пазарот, како само со преден погон, така и со погон на сите четири тркала. Стартот на продажбата на моделот е предвиден за пролетта 2016-та година.

cadi nov2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП