6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Audi e-tron Quattro ќе биде претставен во Франкфурт

Концептот Audi e-tron Quattro ќе биде претставен во Франкфурт

A157360_medium

Електричното возење со „Audi“ е задоволство, а не компромис. Брендот го претставува „Audi e-tron Quattro“ концепт автомобил на меѓународниот автомобилски саем (IAA) во Франкфурт.

Спортскиот теренец е првиот голем електричен теренец на брендот и нуди поглед кон идните електрични автомобили на „Audi“.

„Audi e tron ​​quattro“ концептот е дизајниран да биде првиот електричен автомобил во својот сегмент. Тој е комбинација на техничките достигнувања на брендот во поглед на аеродинамичноста и креативните дизајнерски решенија. Значајни аеродинамични зафати можат да се забележат во предниот дел на автомобилот, по страните и во задниот дел, истите придонесуваат за подобар проток на воздух околу автомобилот.

„CD“ коефициентот изнесува 0,25, со што забележан е нов рекорд во сегментот на спортско корисни возила. Тоа придонесува за значително голем опсег, бидејќи автомобилот може да помине повеќе од 500 километри. Студијата е базирана на втората генерација на модуларната надолжна платформа, која обезбедува значителен простор за погонскиот систем, патниците и багажот. Должина на овој концепт е помеѓу онаа на „Audi Q5“ и „Q7“.

Неговата типична „SUV“ каросерија и купе кабина му даваат на „e-tron quattro“, концепт автомобилот од „Audi“, многу динамичен изглед. Ентериерот нуди многу простор за четири лица, а големата литиум-јонска батерија е поставена меѓу оските и под просторот за патници.

„Audi“ го користи своето искуство од електричниот погон на спортскиот автомобил „Audi R8 e-tron“. Погонскиот систем кај „e-tron quattro“, концепт автомобилот од „Audi“ составен е од три електрични мотори – еден на предната оска и два на задната оска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП