1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија спецификациите на новиот Samsung Galaxy S7

Се појавија спецификациите на новиот Samsung Galaxy S7

sedmica 933

Еден ден откако „Apple“ го претстави својот најнов „iPhone“, на интернет се појавија спецификациите на модел на „Samsung“ за кој се претпоставува дека е новиот симбол на компанијата – „Galaxy S7“.

Очекувањата се дека тој ќе биде претставен во две големини (по примерот на „Apple“) со дисплеј од 5.2 инчи (стандарден екран) и 5,8 инчи (фаблет). Информациите за новиот уред на „Samsung“ пристигнаа од францускиот технолошки блогер Стив Хемерстофер.

Освен што ќе биде претставен во две варијанти, новиот уред се очекува да е со новиот процесор на „Qualcomm“ – „Snapdragon 820“. Според објавените информации и податоците од тестот „AnTuTu“, новиот уред е со кодирано име „Lucky“.

sedmica 934

Тој се одликува со 5,7-инчен екран со резолуција од 1.440 х 2.560 пиксели и доаѓа со процесорот „Snapdragon 820“, како и графички чип „Adreno 530“. Смартфонот ќе има 4 GB RAM меморија и 64 GB внатрешна меморија, а камерите ќе се 16 мегапикселна и 5 мегапикселна.

Според експертите уред со слични технички карактеристики може да е само од серијата од највисоката класа на „Samsung“ – „Galaxy“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП