27 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајуспешното Hyundai ја промени генерацијата (фото)

Најуспешното Hyundai ја промени генерацијата (фото)

avante 001

„Hyundai“ официјално ја претстави новата генерација на најуспешниот модел – „Avante“ кој надвор од границите на Јужна Кореја е познат како „Elantra“. Седанот, заедно со „Toyota Corolla“ и „Volkswagen Golf“, е меѓу најдобро продаваните модели во светот. До ноември 2014-та година од него се испорачани повеќе од 10 милиони примероци.

Шестата генерација на „Elantra“ е со нова геометрија на суспензијата, а е променета локацијата на амортизацијата и пружините. Според претставник на „Hyundai“ тоа гарантира подобрување на однесувањето на патот и удобноста за време на движење во споредба со претходната генерација.

avante 002

Подобрена е звучната изолација, намалени се и вибрациите во кабината. Ова е постигнато благодарение на поставување на нови бришачи и на зголемување на дебелината на страничните прозорци. Користени се и нови изолациони материјали во задните браници.

Димензиите на новата „Elantra“ се должина од 4570 мм, ширина од 1800 мм и висина од 1440 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2700 мм. Така при промената на генерациите седанот е 20 мм подолг, за 25 мм поширок и со 5 мм помал од својот претходник.

Во Јужна Кореја новиот „Hyundai Elantra“ ќе се нуди со два бензински и еден дизел мотор, сите со зафатнина од 1,6 литри. Првите два се со директно вбризгување на горивото, а нивната моќност е 132 и 149 КС, додека дизелот развива 136 КС и 300 Нм.

avante 003

Бензинските агрегати се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач или со автоматски со ист број на брзини. Додека кај дизелот постои 7-брзински автоматски менувач со две спојки.

Седанот ќе се нуди со голем број на безбедносни технологии, меѓу кои се систем за екстремно сопирање, функција за автоматско менување на долго светло, систем за следење на мртвата зона и за предупредување за возила кои се наоѓаат во опасна зона при возење наназад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП