9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei попушти, пристигнува заоблен QHD екран

Huawei попушти, пристигнува заоблен QHD екран

huhi

Во почетокот на мај 2014-та година, од „Huawei“ имаа цврст став дека „QHD“ екраните за смартфони се глупост. Но, како што се чини, во меѓувреме ставовите се промениле и „Huawei“ стартува со изработка на „QHD“ екрани.

Имено, според кинески извори, „Huawei“ подготвува паметен телефон кој би можел да биде нивен одговор на „Samsung Galaxy S6 Edge“. Поради тоа, „Huawei“ започна со изработка на екран со „QHD“ резолуција.

Од „Huawei“ наведуваат дека наскоро ќе започне производството на заоблени екрани во основа од 3 милиони примероци месечно. Засега дијагоналата на екранот не се споменува, но се знае дека тој ќе биде заоблен на двете страни.

Кој точно уред ќе го добие овој екран засега не е познато, можеби најавуваниот „Mate 8“ за кој веќе некое време се шпекулира дека ќе има 6-инчен екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели.

Но како и да е, заклучокот е дека „Huawei“ на крајот мораше да попушти на притисоците од страна на конкуренцијата, се со цел во наредните години да може да биде конкурентен на мобилниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП