18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНад 1.600 излагачи се претставија на саемот на потрошувачка електроника во Берлин

Над 1.600 излагачи се претставија на саемот на потрошувачка електроника во Берлин

IFABerlin2015-375x241

Најнови модели на паметни телефони, таблети, фото апарати, паметни телевизори, паметни часовници, пашини за перење, фрижидери, како и мрежно поврзување на апратите за домаќинство беше дел од понудата на саемот за потрошувачка електроника и домашни апарати (IFA) што од 4-ти до 9-ти септември се одржа во Берлин.

На огромни штандови во 25 хали на вкупна површина од над 150.000 квадратни метри своите новитети ги претставија вкупно 1.645 излагачи од целиот свет.

Меѓу светски познатите брендови на саемот беа присутни Samsung, Sony, LG, Lenovo, Huawei, Philips, Siemens и многу други.

Во фокусот на посетителите разбирливо се најдоа најновите модели на паметни телефони, паметните рачни часовници, телевизорите, видео игрите, а беше промовирана и паметна фудбалска топка која е поврзана со мобилен телефон, на кој може да се добијат информации на пример со колкава брзина е изведен ударот.

Голем интерес предизвика и најновата иновативност во поглед на поврзувањето на апаратите за домаќинство во еден систем.

Германскиот оператор Deutsche Telekom на пример презентираше посебна понуда за своите корисници наречена „smart home“, која преку рутер ги поврзува и контролира сите апарати кои се во системот.

На својот мобилен телефон можете да добиете информација, доколку некој се обидува да ви го обие домот, или, пак, постои можност смс картичката да послужи како клуч при отворање на вратата.

Преку мобилниот телефон можете да го пуштите светлото во домот или водата од чешмата.

Меѓу новините кои ги презентираше Deutsche Telekom е и концептот Магента 1, кој наскоро се очекува да биде промовиран и во Македонија.

Станува збор за ново интегрирано продуктно портфолио кое нуди фиксна и мобилна телефонија, интерент ТВ, Cloud сервисинг и воедно ќе ги покрие приватните и бизнис корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП