19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка-првата банка во Македонија која работи 24/7

ПроКредит Банка-првата банка во Македонија која работи 24/7

aaa

ПроКредит Банка е првата банка во Македонија која работи 24 часа, 7 дена во неделата. Банката вовдеде нов западновропски концепт на работење-Зона 24/7 која е составен дел од секоја филијала на банката.

Секоја Зона 24/7 располага со модерна технологија по најновите стандарди во банкарството. На различните автомати и депозитни сефови клиентите можат самостојно да ги вршат банкарските операции во било кое време. Секоја услуга се извршува за максимум 2 минути. Во Зоните претпријатијата и нивните сметководители може да го уплаќаат својот дневен пазар по работното време на банката-навечер, за викенди и празници. Уплатените средства се достапни веднаш за понатамошни плаќања. Дополнително достапни се сите видови електронски плаќања, менувачко работење преку системот на електронско банкарство, а достапна е и можност за печатење на тековните изводи. Физичките лица можат да уплатата и подигнат денари од својата транскациска сметка, да вложат или извадат готовина од својата штедна сметка. Придружено со електронското банкарство граѓаните може да работат комплетно независно-да платат комуналии, да заменат девизи, да управуваат со салдата на штедните и трансакциските сметки.

aaa

‘’Како германска банка сакаме да донесеме германски квалитети во банкарството во Македонија-модерна технологија, брзина, функционалност за клиентите. Свесни сме дека за многу прогресивни бизнисмени и професионалци времето е највредниот атрибут. Сметаме дека траснакциските услуги треба да бидат максимално брзи и достапни во секое време. Банката треба да се прилагоди на динамиката на клиентот, а не клиентот на редиците во банката . Затоа со новиот концепт на  Зона 24/7 за речиси сите трансакции сме достапни 24/7. Ова остава повеќе расположливо време за разговор со клиентот и квалитетна советродавна услуга.‘’ изјави Емилија Спировска, Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.

aab

ПроКредит започна со воведувањето на Зоните 24/7 во рамки на својата мрежа на експозитури од ноември минатата година. До сега имплементирани се Зони на 20 локации во Македонија. До крајот на годината Зоните кои се составен дел од сите експозитури на ПроКредит Банка во Македонија, ќе располагаат со дополнителни машини и функционалности.

Станува збор за нов концепт во банкарството кој ПроКредит како меѓународна германска групација го веведе уште во 11 земји од Југоисточна Европа каде работи.

На овој линк може да ги погледнете сите можности кои ги нуди Зона 24/7.

aacaad

aaf

aag

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП