4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото чудовиште на Mansory

Новото чудовиште на Mansory

man sory

Пред само неколку месеци „Mansory“ го привлече вниманието на публиката, претставувајќи своја верзија на „Mercedes-AMG S63 Coupe“. Сега тунинг работилницата подготви нешто дури по брутално.

Додека претходната доработка на „Mansory“ предлагаше 900 КС и 1300 Nm, новата ја надминува демонстрирајќи 1000 КС и 1400 Nm. Овој пат проектот го носи името „Mercedes-AMG S63 Coupe Black Edition“.

Зголемените индикатори се одразуваат позитивно на спринтот од 0 до 100 км/час, кој веќе се остварува за само 3,2 секунди, или за 0,1 секунди побрзо од верзијата со 900 КС. Максималната брзина на движење е 300 км/час.

man sory1

Тјунерите нудат и оптички пакет, кој според информациите е создаден за да ги нагласува новите можности на возилото. Имплементацијата е релативно расчистена, така што се состои од вентилирана хауба, различни браници, странични прагови, големо задно крило и нови 22-инчни бандажи „SPIDER“ со гуми „Vredestein Ultrac Sessanta“.

Само 6 примероци ќе изработи „Mansory“ од чудовиштето „Mercedes-AMG S63 Coupe Black Edition“. Јавната премиера на возилото ќе се случи на претстојниот автосаем во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП