15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПринцот Али се кандидираше за претседател на ФИФА

Принцот Али се кандидираше за претседател на ФИФА

ali princ

Јорданскиот принц Али бин ал-Хусеин објави дека ќе поднесе кандидатура за претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА). Тој ветил дека ќе го разреши коруптивниот скандал во ФИФА и дека ќе ја направи организацијата потранспарентна.

Прицот Али на претходните избори, во мај кога му беше противкандидат на Сеп Блатер, негираше дека Блатер добил мнозиинство на гласови во првиот круг, но сепак пред вториoт круг се повлече од претседателската трка.

Четири дена по тие избори, кога корупцискиот скандал ескалираше и кога истраги започнаа да спроведуваат швајцарските и американските власти, Блатер поднесе оставка на функцијата.

Јорданскиот принц исто така го критикува и Мишел Платини за кого се смета дека е фаворит за претседателската функција во ФИФА, наведувајќи дека тој е човек на Блатер и дека на светската фудбалска организација и е потребен нов почеток.

Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат на 26-ти февруари наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП