17 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVerizon започнува со тестови на првата 5G мрежа

Verizon започнува со тестови на првата 5G мрежа

5g verizon 003

Мобилниот оператор „Verizon“ најави пред онлајн изданието „CNET“ дека компанијата се подготвува за тестови на првата мрежа од петтата генерација, која ќе биде позната како „5G“. Намерите на „Verizon“ се првите клиенти да можат да ја користат мрежата во 2017-та година.

Тоа е околу три години порано од очекуваното во оваа индустрија. Многу нејзини претставници предвидуваа дека „5G“ ќе е достапна за клиентите најрано во 2020-та година. Според Роџер Гурани, главен информативен и технолошки архитект на „Verizon“, „5G“ ќе донесе многу револуционерни промени во светот на технологијата, како што „4G“ го стимулира растот на мобилните услуги и смартфоните.

Првите тестови на „Verizon“ покажале ветувачки резултати. Компанијата има постигнато брзина помеѓу 30 и 50 пати поголема од онаа на „4G“, дури и повеќе од фиксни услуги како „Google Fiber“. Гурани дава за пример дека при „4G“ превземањето на филм трае околу 6 минути, додека со „5G“ ќе бидат потребни само 15 секунди.

Меѓу другите предности на „5G“ е подобрената потрошувачка на енергија, која треба да е околу 10 пати поголема во однос на „4G“ и уредите да работат подолго. Ќе може да се испраќа поголем обем на информации истовремено, со што ќе се олесни оптоварувањето на мрежите. Освен тоа е многу прецизен и може во реално време да ги пренесува движењата на рацете на хирург од Токио до Њујорк, вели Гурани.

Тој прецизира дека пред сето тоа да биде можно, прво тестовите мора да поминат успешно. Паралелно со тоа сепак оди и големо глобално натпреварување кој ќе е првиот телеком со подготвена „5G“ мрежа. Се разбира, има и друг фактор – дури и новата мрежа на „Verizon“ да е подготвена до тогаш, не е јасно дали ќе има паметни телефони и други уреди кои ќе можат да ја користат. Ова ќе зависи од самите тестови. Прво треба да има мрежа, за да можат производителите да ги тестираат и сопствените уреди, вели Гурани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП