10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley Bentayga - конечно и официјално (фото+видео)

Bentley Bentayga – конечно и официјално (фото+видео)

bb suv

Најпосле долгото чекање заврши, „Bentley“ и официјално го претстави првиот „SUV“ во својата историја. Тој се нарекува „Bentayga“ и го комбинира најдоброто што компанијата има стекнато како искуство во текот на годините.

bb suv1

На изглед кросоверот личи до одреден степен на концептот „EXP 9“, кој остави не толку позитивен впечаток кај публиката. Токму овие проценки беа причина за одложување на претставувањето на сериската верзија на моделот. На крајот во дизајнот на „Bentayga“ јасно се гледаат мотиви и од другите модели на „Bentley“, како „Continental GT“ и „Flying Spur“.

bb suv2

Што се однесува до моторите, од британската компанија го нудат најдоброто со што располагаат. Под хаубата е поставен 6,0-литарски W12, кој развива 608 КС. Максималниот вртежен момент изнесува 900 Nm, а менувачот кој е во оваа комбинација е 8-степен автоматски.

bb suv3

Од 0 до 100 км/ч, „Bentayga“ забрзува за 4 секунди, а максималната брзина му е 301 км/ч. Ако се верува на официјалните бројки, претставени од страна на производителот, кросоверот троши 16,8 л/100 км во градски услови и 11,8 л/100 км надвор од градот. Така мешовитата потрошувачка е 14,7 l/100 km.

bb suv4

Освен брзина и моќ, првиот „SUV“ на „Bentley“ ќе им понуди на сопствениците и раскош од висока класа. Британците ја одредуваат машината како „крстосување на тркала“, кое е насочено кон удобноста на патниците и возачот.

bb suv5

Возилото е опремено со панорамски покрив, а кај топ-модификацијата позади ќе има само две седишта, кои предагат 18 можности за регулација. Седиштата имаат масажа и вентилација, а се поделени од мала конзола со потпирачи за раце. На неа има USB-порти, како и специјална фиока за складирање на различни предмети.

bb suv6

Кросоверот се нуди и со аудио систем од премимум-класа, производство на компанијата „Naim“. Неговата моќ е 1950 вати, а е поврзана со 10,2-инчен дисплеј со „Android“ за информатичко-забавниот систем. За возврат тој може да се поврзува со интернет преку „4G“, „Bluetooth“ и „Wi-Fi“.

bb suv7

Продажбата на „Bentley Bentayga“ ќе стартуваат во почетокот на 2016-та година, а цените ќе бидат познати за време на претстојниот саем во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП