16 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОткажани околу 1.000 летови на Lufthansa

Откажани околу 1.000 летови на Lufthansa

lufthansa-luftlufthansa

Пилотите на германскиот авиопревозник „Lufthansa“ го започнаа денес вториот ден од штрајкот, поради кој се откажани околу 1.000 летови за околу 14.000 патници.

Синдикатот предупредува дека во наредниот период би можеле да следат дополнителни штрајкови ако не постои договор со управата на компанијата во врска со планот за намалување на трошоците за вработување.

„Lufthansa“ се обиде синоќа пред судот да го спречи штрајкот кој е 13. во последните 18 месеци, но синоќа судот донесе одлука во корист на синдикатите на пилотите.

„Ако не постои нова понуда од „Lufthansa“ ќе повикаме на дополнителен штрајк“, изјви портпаролот на синдикатот Маркус Вал.

Тој додаде дека прекин на работата може да се случи во секое време, но сепак синдикатот ќе го соопштува секој прекин 24 часа порано.

Пилотите штрајкуваат поради бенефициите за пензионерите, платата и планот на компанијата да го прошири бизнисот во областа на евтините летови. Тие сакаат компанијата, додека траат преговорите, да го прекине проширувањето на својата компанија „Eurowings“, која има оперативна дозвола во Aвстрија.

Управата на „Lufthansa“ тврди дека компанијата мора да ги намали трошоците за да остане конкурентна како компаниите како „Ryanаir“, кои се особено фокусирани на германскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП