19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбезбедното Audi ќе го видиме во Франкфурт (фото)

Најбезбедното Audi ќе го видиме во Франкфурт (фото)

blind a8

Надградена верзија на блиндираниот модел „A8 L Security“ во Франкфурт ќе претстави германската компанија Audi.

Предвиден како најбезбедно „Audi“ на сите времиња, ова возило веќе го исполнува стандардот „VR9“. Претходната верзија го покриваше „VR7“.

blind a8 1

Лимузината базирана на продолжената верзија на новата „А8“, е опремена со дополнителни материјали кои ја штитат кабината. Меѓу нив се иновативни алуминиумски легури, армирана ткаенина, челик и друго. Иако е повисок степен на заштита, моделот демонстрира намалена вкупна тежина, покажуваат информациите.

Новото „Audi A8 L Security“ е опремено и со блиндирана комуникациска кутија, позиционирана во багажникот. Исто така се достапни се домофон и систем за селективно отклучување на вратите. Со доплата може да се додаде евакуациски излез, противпожарен систем и автономен систем за свеж воздух во возилото.

blind a8 2

Моделот на купувачите ќе им биде понуден со два погонски агрегати. Помалиот е „V8 4.0 TFSI“ би-турбо, кој развива 435 КС и 600 Нм. Помоќниот мотор е „W12 FSI“ со зафатнина од 6,3 литри. Овој атмосферски бензински агрегат испорачува 500 КС и 625 Нм. И двете верзии се опремени со оптимизиран систем „Quattro“, а поради гумите „run-flat“ максималната брзина е ограничена до 210 км/час.

Новиот „Audi A8 L Security“ ќе има премиера во Франкфурт следната недела. Продажбата ќе стартува во пролетта на 2016-та година.

blind a8 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП