2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSsangYong подготви уште два кросовери (фото)

SsangYong подготви уште два кросовери (фото)

ss novi

Корејскиот производител „SsangYong“ објави официјални фотографии на два нови модели кои ќе бидат прикажани на автосаемот во Франкфурт.

Овој пат, Корејците се категорични дека кросоверите ќе се појават во сериско производство во најблиска иднина.

ss novi1

„SsangYong XAV-Adventure“ е уште една варијација на тема „следната генерација на теренецот „Koronado““. Судејќи според фотографиите, тој речиси не се разликува од концептот „XAV“ прикажан на саемот во Сеул. Возилото е управувано од хибриден агрегат „e-4WD“, во кој влегува 1,6-литарски мотор со внатрешно согорување.

ss novi2

Другиот модел – „SsangYong XLV-Air“, треба да биде предвесник на верзијата на кросоверот „Tivoli“ со седум седишта, која ќе се појави на пазарот веќе следната година. Таа ќе се нуди со 1,6-литарски бензински и дизел мотори, односно со 128КС и 115 КС. Менувачот е 6-брзински мануелен или автоматски со ист број брзини, а погонот 4х4 ќе се нуди како опција.

ss novi3

Во Франкфурт, „SsangYong“ ќе ја открие и дизел верзија на моделот „Tivoli“ со пет седишта, која веќе се произведува и наскоро треба да се појави на повеќето пазари во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП