БМВ одлучи да ги промени ознаките на купе и кабриолет на моделите од Серија 3 и пратктично да го превземе рецептот од Серијата 5 и така ја добија новата Серија 4. Од Минхен јавуваат дека новиот модел претставува кулминација на развојот на баварската автомобилска филозофија.
Во споредба со актуелната Серија 3, новото купе на Серија 4 е подолго за пет сантиметри во меѓуосовинското растојание, 4.3см во ширина и 1.5 пониско. Комплетната појава на новиот модел изгледа спектакуларно и елегантно, а применети се дизајнерски насоки кои ја карактеризираат Серија 6. Тоа што на прв поглед ве привлекува е атрактивното ЛЕД осветслување и агресивниот изглед, но кога станува збор за дизајнот задниот дел одушевува.
Ентериерот на концептот е макисмално луксузен, затоа што секоја површина е со вискоквалитетна кожа.