5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето Британци се за напуштање на ЕУ

Повеќето Британци се за напуштање на ЕУ

brit 333

Повеќето Британци во овој момент би гласале за излегување на земјата од Европската унија (ЕУ), воглавно поради стравот од имиграцијата, покажало истражувањето на јавното мислење, кое укажува на промена на трендот пред референдумот за останувањето на Британија во Унијата.

Анкетата која била спроведена за весникот Mail on Sunday, покажала дека 51 отсто од испитаниците биле за излегување од ЕУ, додека 49 проценти сакаат Британија да остане дел од Унијата.

Истражувањата спроведени во јуни и почетокот на јули, пак, покажале дека поддршката за останувањето во ЕУ изнесувала 54 отсто, а за излегување гласале 45 проценти, пренесува Capital.ba

Новата анкета исто така утврдила постоење на значително малцинство на гласачи кои изјавиле дека ќе го променат своето мислење доколку бегалската криза во Европа се влоши. Британскиот премиер Дејвид Камерон ветил повторни преговори за условите на британското членство во ЕУ, пред референдумот кој треба да се одржи до крајот на 2017-та година.

Неколку британски медиуми, пак, неодамна пишуваа дека се очекува рефенрендумот да се одржи за време на летото идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП