18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвата специјална верзија на моделот C63 AMG (фото)

Првата специјална верзија на моделот C63 AMG (фото)

 

edition amg

„Mercedes-Benz“ ја покажа првата специјална верзија на „C63 AMG“. Таа го носи името „Edition 1“, а премиерата пред публика ќе се одржи на автосаемот во Франкфурт, кој стартува следната недела.

edition amg1

Автомобилот е насликан во стилот на возилата на „Mercedes“, кои учествува во првенството на Германија за туристички автомобили (DTM). Возилото добило дополнителни аеродинамички елементи на каросеријата, вклучувајќи странични престилки, зголемен преден спојлер и заден дифузор.

edition amg2

Моделот е опремен со карбон-керамички сопирачки, 20-инчни тркала со гуми со големина 255/35 напред и 285/30 позади. Машината има адаптивна суспензија „AMG Ride Control“ и диференцијал со зголемено триење на задната оска.

edition amg3

Измени има и во кабината, каде што се сместени спортски седишта, производство на единицата „AMG“. Тие се од кожа „Nappa“ со поостра жолта линија што минува низ нив.

edition amg4

Како и стандардната верзија на „C 63 AMG“, така и „Edition 1“ е опремен со 4,0-литарски V8 би-турбо мотор кој развива 476 или 510 КС. Агрегатот работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач. Овој модел со моќниот агрегат забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди.

edition amg5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП