21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов вирус зарази над 225.000 уреди на Apple

Нов вирус зарази над 225.000 уреди на Apple

app 44

Повеќе од 225.000 „Apple“ телефони „iPhone“ и таблети „iPad“ се заразени со новиот информатички вирус „KeyRaider“.

„Сметаме дека досега ова е најголемиот грабеж на налози на „Apple“ предизвикани од одреден вирус“, објави американската компанија за информатичка безбедност „Palo Alto Networks“ на својата интернет страна, каде ги резимираат резултатите од истрагата која ја извршиле заедно со групата аматери „Weip Tech, WT“, која ги собира фановите на „Apple“ во Кина.

Истражувањето покажа дека со вирусот биле погодени корисници од вкупно 18 земји, меѓу кои е и Кина, но и Франција, Русија, Јапонија, Велика Британија, САД, Канада, Германија, Австралија, Израел, Италија, Шпанија, Сингапур и Јужна Кореја.

Вирусот функционира така што влегува во комуникација со „iPhone“ и „iPad“ уредите преку „iTunes“, музичката интернет продавница на „Apple“, и така хакерите доаѓаат до налозите на корисниците на „Apple“, заедно со лозинката.

Некои жртви на овој вирус констатирале абнормални купувања, други доживеале хакерска блокада на уредите, а потоа од нив бил побаран откуп.

Од „Apple“ е соопштено дека со проблемот биле погодени исклучиво оние кои не само што ги деблокирале своите уреди со цел да овозможат користење на фукции кои не се користат од производителот, туку и оние кои веќе го превземале вирусот пристапувајќи на небезбедни извори.

„Превземени се сите мерки за да се заштитат корисниците кои се засегнати од овој проблем“, додаваат од „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП