19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Volkswagen Tiguan пристигнува на саемот во Франкфурт

Новиот Volkswagen Tiguan пристигнува на саемот во Франкфурт

tugi 33

Втората генерација на компактниот „SUV“ модел „Tiguan“ ќе има светска премиера на франкфуртскиот саем за автомобили, некаде на половината на септември, потврди германскиот производител.

По осум години дојде време „Volkswagen“ да ја испрати во пензија актуелната верзија, која исто така за прв пат пред публика беше преставена во Франкфурт, но уште во 2007-ма година.

Од тогаш ширум светот се продадени преку 2,64 милиони возила, од кои 1,6 милиони се произведени во фабриката во Волфсбург, Германија, додека останатите во погоните во Кина и Русија.

Новата генерација е поставена на универзалната „MQB“ платформа, која ја дели со бројни модели од „VW“ групацијата („VW Golf“, „Audi A3“, „Škoda Octavia“…).

За погон ќе биде употребен четирицилиндарски агрегат со турбо полнење и дизел мотори кои се превземени од „Golf“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП