25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит за периодот јануари-јули 2015 приближно една милијарда евра

Трговскиот дефицит за периодот јануари-јули 2015 приближно една милијарда евра

uvoz

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 141 880 618 илјади денари, изразена во долари 2 557 911 илјади САД долари, односно 2 302 954 илјади евра.

Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 202 474 799 илјади денари, изразена во долари 3 650 953 илјади долари, односно 3 286 458 илјади евра.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 60 594 181 илјади денари, изразен во долари 1 093 042 илјади САД долари, односно 983 504 илјади евра.

Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јули 2015 е 70.1% .

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП