Во периодот од 2009 до 2013 година во Грција, на основ избегнување плаќање данок на додадена вредност (ДДВ), изгубила приходи во износ од 37 милијарди евра, оцени Европската комисија(ЕК).
Стапката на затајување на ДДВ во Грција е два пати поголем во однос на стандардниот во Европската унија, покажаа податоците на Министерството за финансии на Грција.
Најмногу ,,изгубено” ДДВ во Грција било во 2011 година, кога заклучи Европската комисија дека не е платен ДДВ во вредност од дури 9,16 милијарди евра.