20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи со најновиот потег уште еднаш го засени светот(фото)

Дубаи со најновиот потег уште еднаш го засени светот(фото)

dubai poteg 33

Дубаи, познат по својот луксуз, отиде и чекор понапред со почетокот на изградбата на вили кои со едниот дел се наоѓа под вода.

du vila

Луѓето се расфрлаат и даваат скоро милион фунти за да живеат под море во Дубаи каде се градат 42 вили, кои се 4 км одалечени од обалата во Дубаи.

du vila1

Апартманите од 158 квадратни метри на пазарот се најлуксузните недвижности, и чинат 894.000 фунти.

За продажба се останати само уште неколку, другите се сите продадени уште пред да бидат завршени.

du vila2

Секоја вила ќе има три ката, а ќе бидат карактеристични по висината, како би се овозможило величествен поглед на спектакуларниот морски свет.

du vila3

Кујната, дневната соба и тоалетот ќе бидат на долниот кат, под нивото на морето. На вториот кат, кој е исто така под вода, ќе се најде спалната соба и уште еден тоалет. На највисокото ниво се наоѓа тераса со поглед на целиот океан.

du vila4

Директорот за развој на овој проект, за вилите кои се во фаза на изградба наведува:

du vila5

„Нема да бидат изградени на земја. Ќе се изградат на суви докови, а потоа ќе се сместат во вода каде што и припаѓаат. Мислам дека првата би требало да биде во вода до крајот на 2016-та година“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП