18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPolaroid се враќа во светот на моменталната фотографија (видео)

Polaroid се враќа во светот на моменталната фотографија (видео)

snap polaroid

На најголемиот европски саем за потрошувачка електроника „IFA“ во Берлин, „Polaroid“ го претстави џебниот дигитален апарат за инстант фотографии „Snap“, објави „Forbes“.

„Snap“ ја комбинира функцијата за инстант фотографија која е синоним на брендот на „Polaroid“, со елегантен современ дизајн. Камерата може да печати слики со едно притискање на копчето, користејќи ја технологијата „Zink Zero Ink Printing“.

snap polaroid1

„Polaroid Snap“ овозможува сликите да се зачувуваат во меморијата и да бидат пренесувани на компјутер или да се споделат директно на социјалните медиуми преку апликација. Камерата има сензор од 10 мегапиксели и слот за „microSD“ картичка со големина до 32GB. Најдобриот дел е дека „Snap“ може да печати колор фотографии со големина од 2х3 инчи, без да има потреба од мастило касети, тонери и друго.

„Polaroid Snap“ има и бројни режими на снимање и функција за тајмер. Секоја слика се печати целосно за помалку од една минута. А користената хартија – „Zink Paper“, е со леплива страна, па печатените фотографии можат да се користат како налепници.

„Polaroid Snap е модерен пресврт на класичните фотоапарати за инстант фотографии на „Polaroid“, затоа што ја комбинира дигиталната технологија со модерен минималистички дизајн на цена која потрошувачите би очекувале да ја платат за аналоген фотоапарат за инстант фотографија“, вели претседателот и извршен директор на компанијата Скот Харди.

Камерата „Polaroid Snap“ ќе се нуди на пазарот од крајот на годината за 99 долари. Клиентите можат да изберат помеѓу четири бои на „Snap“ – црна, бела, црвена и сина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП